Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски за „Иловица“: „Ако јас бев излажан, ќе барав поништување на концесијата“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека одобрението за концесија на рудникот „Иловица“ Владата му го дала на Владо Бучковски уште во 2006 година. Тој ја обвини Владата за двојни стандарди.

„Она што е повеќе лицемерно и со двојни стандарди е фактот што вчера имаа седница на Владата, слушнавте ли некој од овие излажаниве дека бил гласен на седницата за да се раскине договорот за да не бидат излажани? Јас не слушнав. Имаше неколкумина членови на Владата, кои рекоа дека биле излажани од страна на министерот Бектеши. Ако јас се чувствувам излажан, логично е да излезам на седница и да кажам – тој ме излажа и сакам тоа да не го поддржам и таа точка да се врати назад и да ја поништам концесијата. Јас не слушнав такво нешто од никој во Владата, а тоа е така зашто има многу лицемерство, многу криминал, двојни стандарди и многу корупција“, рече Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СТУД СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО -10 СТЕПЕНИ: Синоптичарите со нови најави за предновогодишните денови

ДЕСК

Утре сончево со мала до умерена облачност, во наредните денови стабилно и студено со ниски утрински температури

C +

Се наплаќале ПАП-тестови и други услуги што ги покрива Фондот за здравство: извршени контроли поради претставки од граѓаните

C +