Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Измените во законите за ДДВ не му помагаат на бизнисот, туку го оптоваруваат, тврди Мицкоски

Законот за ДДВ, Законот за персоналниот данок и Законот за солидарноста нема да му помогнат на бизнисот, туку дополнително ќе го оптоварат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Се оптоваруваат оние што се успешни и оние што создавале профит во услови на криза. На овој начин не се намалува сивата економија, односно не се казнуваат оние што не ги почитуваат своите обврски кон државата, не ги плаќаат своите даноци кон државата, туку ги скриваат и се дел од онаа неформална сива економија, туку се казнуваат оние што своето работење редовно си го пријавуваат, успешни се и во услови на криза успеале да создадат профит и тој профит денеска го даночиме под името Закон за данок за солидарност.

Според Мицкоски, се работи за сѐ, само не за солидарност и дека не е точно тоа дека со даночењето од страна на Владата на оние што заработиле, парите ќе завршеле кај оние што им недостигаат.

„Тоа е лага. Овие пари ќе завршат кон проекти што се сомнителни и во тендери во 4 очи, во приватни џебови, односно во дупка, која оваа криминална и неспособна Влада ја создава во буџетот“, порача Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК