Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Измамена жена од САД, и кажале дека 13 евра се 10.000 денари

Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје, 89-годишната Е.Џ.А. од САД пријавила дека била измамена од две лица, извести МВР.

– Според пријавеното, околу 12.00 часот на Меѓуградската автобуска станица таа влегла во такси возило, во кое имало уште едно лице кое зборувало англиски јазик, а кога пристигнале на подрачјето на Карпош, ѝ кажале дека треба да плати 13 евра, соопшти МВР.

Како што е пријавено, таа со помош на таксистот од банкомат подигнала 10.000 денари, а другото лице ѝ ги побарало сите пари, со објаснување дека тоа е сумата при конверзија од една валута во друга.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК