Centar.mk
ЛОКАЛНО

Ѓорче Петров тоне во мрак и ѓубре

Со денови повеќе од десеттина прометни улици во скопската населба се без улично осветлување, целосно потонати во мрак со што се загрозува јавната но и безбедноста во сообраќајот.

Овој проблем е особено присутен на улиците околу стадиониот но и во населбата Дексион, а без јавно осветлување е и кејот на Вардар што многу жители на Ѓорче Петров масовно го посетуваат во жешките јулски ноќи.

Покрај мракот, во оваа скопска општина речиси со месеци редовна слика е и ѓубрето кое може да се забележи буквално на секоја улица и на секој јавен простор.

Фотографии испратени до нашата редакција говорат за состојбата во која се наоѓа скопската населба Ѓорче Петров.

Улици потонати во мрак, ѓубре расфрално низ јавни простори и преполни контејнери стана секојдневие за жителите на Ѓорче Петров

извор 24инфо.мк

Можеби ќе ве интересира

Во тек се активностите за поставување пешачки семафори, се работи во ноќните часови за да нема застој во секојдневието

ДЕСК

Граѓански форум за уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

ДЕСК

Во општина Илинден одбележан празникот „Св. Константин и Елена“

ДЕСК