Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Интеграција во ЕУ наместо изолација, сите пратеници да покажат одговорност

Соопштение на СДСМ:

По години минати во чекалната, државата сега има историска шанса да го забрза процесот на интеграција во ЕУ и да ја обезбеди својата европска иднина.

Одговорност на сите политички партии, на сите пратеници е да ја остварат децениската стратешка цел – полноправно членство во ЕУ.

Затоа, низ дијалог и аргументирана дебата потребно е усвојување на уставните измени со државата ќе продолжи забрзано по европскиот пат и ќе го интензивира преговарачкиот процес.

Христијан Мицкоски може да се изолира себеси, но нема право да ја изолира државата, СДСМ, тоа нема да го дозволи.

Заедно со коалициските партнери и сите кои се за европска иднина на државата, нема да дозволиме, граѓаните да изгубат нови 11 години во изолација, како што се случи тоа во времето на шефот на Мицкоски, Никола Груевски.

Ќе сториме сѐ за продолжување на европскиот пат на земјата, да ја внесеме Македонија во ЕУ и да ја релизираме стратешката цел поставена уште од денот на независноста.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК