Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Концесиите за „Иловица“ се дадени од ДПМНЕ и Груевски, од првиот ден сме против, велат од СДСМ

Концесиите за рудникот „Иловица“ се дадени во 2012 и 2013 година од страна на владата на ДПМНЕ и Никола Груевски, а кому Христијан Мицкоски му беше советник, велат од СДСМ.

„Одлуката е донесена на 16 јуни 2012 година, потпишана од соработникот на Мицкоски, Зоран Ставревски, и објавена во ‘Службен весник’ истиот месец 2012 година. И општините во тоа време раководени од градоначалници од ДПМНЕ, Општина Босилово и Општина Ново Село, носат одлуки за отворање рудник“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Тие обвинуваат дека кога Мицкоски зборува нешто, „прво, лаже, а второ, тоа е врв на лицемерство“.

„Поради тие одлуки на ДПМНЕ, државата сега е ставена во судски лавиринти со години. СДСМ од првиот ден бил против тие рудници. Кога лично шефот на Мицкоски, Никола Груевски, во 2016 година најавуваше отворање 10 рудници во Југоисточниот Регион, СДСМ беше против“, додаваат од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК