Прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Мерката „Мој ДДВ“ е една од најуспешните мерки на концептот на СДСМ, парите назад кај граѓаните.
За четири години од спроведувањето на оваа мерка, СДСМ кај граѓаните врати 107,5 милиони евра.
Тоа се сериозни пари кои Владата директно ги исплаќа на сметките на граѓаните и позитивно влијае врз семејните буџети на сите корисници на мерката Мој ДДВ.
Со последните законски измени го зголемивме и максималниот износ во едно тримесечие.
Граѓаните кои скенираат фискални сметки во едно тромесечје сега може да остварат максимален износ од 2.100 денари по корисник.
За цела една година тоа се 8.400 денари по корисник.
Доколку во едно семејство има двајца корисници на оваа мерка, тоа се 17.000 денари во семејниот буџет во текот на една година.
Само за последното тромесечје, за месеците април, мај и јуни, граѓаните ќе добијат 11,2 милиони евра, а исплатата на овие средства ќе се одвива во месец август.
За успешноста на мерката „Мој ДДВ“ говори и бројот на регистрирани корисници кој постојано расте и денес изнесува 538.919.
Покрај приход плус во семејствата, оваа мерка даде и позитивен ефект врз намалувањето на сивата економија.
Мерката МојДДВ ја прави и суштинската разлика помеѓу СДСМ и ДПМНЕ.
ДПМНЕ ги крадеше парите на граѓаните преку споменици, СДСМ ги враќа назад кај граѓаните.
СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на сите граѓани.