Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Топол бран над Македонија – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

Под влијание на топол бран во следниот период ќе се задржи стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а наместа и над 40 степени поради шти ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10, а утринските температури во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.

Прогноза за 15.07.2023
Минимална температура: 15°C до 24°C
Максимална температура: 33°C до 40°C

Сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. UV=10

Прогноза за 16.07.2023
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 34°C до 40°C

Сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. UV=10

Прогноза за 17.07.2023
Минимална температура: 15°C до 23°C
Максимална температура: 35°C до 42°C

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. UV=10

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК