Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Радовиш, има повредени

На 12.07.2023 во 18.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Илинденска“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Р.А.(38) од Радовиш и мотоцикл со радовишки регистарски ознаки, управуван од Ј.Ч.(49) од Радовиш.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот Д.Ч., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипи на СВР Струмица и ОВР Радовиш.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, четири од нив возеле без дозвола, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК

Поднесено обвинение за тешка кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

ДЕСК

Акциска контрола на Мобилната единица, изречени се 39 мерки, едно лице е лишено од слобода и одземено е едно возило

ДЕСК