Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се судрил со автомобил, па прегазил малолетничка во Куманово – девојчето е тешко повредено

При судир на два автомобила во Куманово настрада малолетничка, која била пешак на местото на несреќата.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила вчера на крстосницата од булеварот Трета македонска ударна бригада и улицата Перо Чичо во Куманово помеѓу две патнички возила, „фолксваген голф“, едното управувано од И. К. (24) од Скопје, а другото од С. Н. (32) од Куманово, и двете со кумановски регистарски ознаки, по што возилото управувано од И. К. удрило во малолетничка од Куманово.

Во несреќата тешки телесни повреди добила малолетничката, а телесни повреди добиле двајцата возачи и уште тројца сопатници од двете возила, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од екипа.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +