Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Косовец сакал да влезе во земјата со „мерцедес“ украден во Холандија

Државјанин на Косово (38) е приведен на граничниот премин Долно Блаце, каде што дошол со украдено возило.

„При преглед и контрола на возилото ‘мерцедес’, со косовски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека возилото било украдено и дека за него имало меѓународна потрага по барање на Интерпол Холандија“, велат од МВР.

Возилото било одземено, а Ш. К. бил задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +