Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Брат ја истепал сестра си и не ѝ дозволил да излезе од дома, му помагала и сопругата на татко му

Вчера, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д. М. (20) од гостиварско село, со престој во Гостивар.

Тој се сомничи дека со сопругата на татка си, П. М. (47), физички ја нападнале неговата 23-годишна сестра и не ѝ дозволиле да излезе од домот.

Во врска со настанот во полициска станица бил извршен службен разговор и со П.М.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК