24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИСИЗБОР

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.07/2023 за долгови доспеани до 31.03.2023 и неплатени до 30.06.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

На Листата на должници бр.07/2023 објавени се 1785 должници – правни лица (повеќе за 18 од претходната листа) и 3413 физички лица (повеќе за 45 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.07/2023 изнесува 8.711.691.182 денари, (повеќе за 230.721.048 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.528.229.561 денари, (повеќе за 214.057.472 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.461.621 денари (повеќе за 16.663.576 денари од претходната листа).

Целата листа погледнете ја тука.