Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Царинската управа: Спречен обид за нелегален влез на мигранти по контрола на товарно возило, кое патувало за Франција

Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи спречија обид за нелегален влез на четворица мигранти по контрола на товарно моторно возило на граничниот премин Богородица, чија крајна дестинација била Франција.

„Мигрантите биле скриени во полуприколката на товарното возило, меѓу палети со стока пријавена за транзит. Тројца од мигрантите ,во согласност со нивната изјава, се од Сиера Леоне, а едно лице е од Нигерија. Лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка“, известија од Царинската управа.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството апелира: Да се избегнат шпекулации за предметите од трагедијата во „Пулс“

ДЕСК

Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла

ДЕСК

Синоптичарите со најнова прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК