Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

78 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Вчера (09.07.2023) во периодот од 16.00 до 22.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 78 возачи. Од вкупно 78 возачи, 40 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за обид за убиство и загрозување на сигурноста на сопругата

C +

Шукова: Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски за загубените животи

C +

Средба на директорот на Царина, Николовски, со генералниот директор на СЕЛЕК: Борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката

C +