25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Фенис“ го потврди криминалот на ДПМНЕ, Мицкоски се става над законите, смета Каевски

„Овие денови случјот Феникс уште еднаш го потврди криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014, но го потврди и вистинското лице на Христијан Мицкоски. Мицкоски го брани криминалот на ДПМНЕ и се става над законите, над Уставот“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој додава дека Мицкоски со изјавите застанал против уставниот поредок на државата, против демократското општество кое значи независност на судската власт одредена со Устав и Закон.

„Ниту е Мицкоски над Уставот ниту е Мицкоски над Законот. Македонија е демократско општество и се почива на Закон и Устав, на процедура и на надлежни институции а не на волјата на поединци. Кој е Мицкоски да дели правда, да кажува кој треба да одговара а кој не? Може Мицкоски да се замислува што сака но ниту е судија, ниту обвинител. Ова покажува дека Мицкоски е ист како Никола Груевски, сака да е и суд и обвинител, да суди и да пресудува. Желбата на Мицкоски нема да може да се оствари, ние тоа нема да го дозволиме. Тоа време заврши и никогаш повеќе нема да се врати. Досега требаше да му бидеа јасно. Прво што требаше да направи Мицкоски е да се извини и јавно да се огради од криминалците во сопствените редови, пред се за Скопје 2014 и 27-ми април а потоа и за другите случаи. Една треба да му биде јасно, секој што го прекршил законот мора да се соочи со правдата и со одговорноста“ додава тој.