Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Скопјанец прегазил пешак и избегал: полицијата го нашла возачот, прегазениот е со тешки повреди

На 07.07.2023 во 13.33 часот во Полициска станица Кочани е пријавено дека на ул.,,Тодосија Паунов“ во Кочани, товарно возило ,,форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(32) од с.Три чешми, штипско, удрило во пешакот В.Ш.(69) од Кочани и го напуштило местото, но подоцна Ј.К. е пронајден и лишен од слобода.

„Во несреќата пешакот В.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани“, велат од МВР.

Во координација со Јавен обвинител увид на местото извршила екипа од Полициска станица Кочани.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +