Centar.mk
ИЗБОРЛОКАЛНО

Авто камп Отешево – топ дестинација за ова лето

Локацијата на Авто кампот “Отешево” е вистински природен благодет, претставува еколошки ентитет, такаречи “органски” простор за одмор и рекреација сместен на самиот западен брег на Преспанското Езеро, опкружен со планини и шуми кои имаат единствени, уникатни карактеристики. Од височините на Галичица струењето на беспрекорно чистиот воздух што го има само тука и никаде на друго место, го прави Отешево единствена воздушна бања со долга туристичка традиција.

На надморска височина од 855 метри, Отешево има блага, здрава, медитеранска клима – вистинско прибежиште за луѓе од сите возрасти кои сакаат да уживаат и да се рекреираат во единствениот спој на езеро, небо и планина што го нуди Преспа.

Природната убавина под пазувите на Галичица ве опива и релаксира, не ве остава рамнодушни, ако еднаш го посетите ова место, тогаш верувајте дека повторно и повторно ќе доаѓате тука да ги полните ‘батериите’.

Во Авто-кампот “Отешево”, за одмор може да користите вили-бунгалови, камп-приколки, авто-приколки и шатори, со можност на користење на сите видови камперски услуги, и тоа по мошне популарни цени.

Instagram: https://www.instagram.com/autocampotesevo/

Facebook: https://www.facebook.com/autocampotesevo/

Можеби ќе ве интересира

Во тек се активностите за поставување пешачки семафори, се работи во ноќните часови за да нема застој во секојдневието

ДЕСК

Граѓански форум за уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

ДЕСК

Во општина Илинден одбележан празникот „Св. Константин и Елена“

ДЕСК