Centar.mk
ИЗБОРЛОКАЛНО

Без вода дел од „11-ти Октомври“ и скопските села Драчево, Морани, Студеничани

Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „11-ти Октомври“ во Општина Центар.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на ул. „11-ти Октомври“ бр.54.

Исто така од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците од скопските села Драчево, Морани, Студеничани и викенд населбата Морани поради промена на затворач (шибер) од ф – 250 милиметри на ул.„Јустинијан Први“ без број во населбата Драчево.

Жителите ќе бидат без вода до завршување на интервенциите.

Можеби ќе ве интересира

Со уште три образовни институции продолжува реализацијата на проектот „Сончеви училишта“

ДЕСК

Општина Битола на барање на кугларскиот клуб „Пелистер“ Битола обезбеди нова опрема за кугларската сала која е сместена во спортската сала „Боро Чурлевски“.

ДЕСК

Од паркинг до урбана грижа – што сè прави ЈП „Паркинзи“за подобар Центар

ДЕСК