Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Дерала од ЦИВИЛ за Глас на Америка: Македонските демократски и евроатлантски интеграциски процеси се незамисливи без поддршката од САД

„Бројни се придобивките од пријателството што го негува САД кон Северна Македонија“, вели Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, за Глас на Америка, по повод 4 јули, Денот на независност на САД.

„САД се вистински пријатели на нашата земја. Нашата земја е мала, нема пристап на море, има ограничени природни и човечки ресурси, а самата географска положба, иако не е безначајна, не игра голема улога во поширок контекст. Едноставно, САД уште одамна, а особено по осамостојувањето од СФРЈ во 1991 година, носи одлука да ѝ помогне на малата и млада македонска држава да се формира и да опстане. Бројни се придобивките од пријателството што го негува САД кон Северна Македонија“, вели Дерала.

Според него САД се секогаш тука за Северна Македонија да и помогнат да ги надмине жестоките политички, па и безбедносни предизвици.

„Тие на земјата ѝ помагаат и економски и политички, да застане на свои нозе. Македонските демократски и евроатлантски интеграциски процеси се незамисливи без поддршката од САД и другите западни демократии. Во денешно време, кога државата е под силен наплив на пропагандата и хибридните напади од Русија и други либерални центри на моќта, придобивките од американското пријателство и поддршка се повеќе од видливи“, додава Дерала.

Можеби ќе ве интересира

СИН ФИЗИЧКИ ГО НАПАДНАЛ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО – Кривична пријава против 24-годишник од Пехчево

ДЕСК

УЖАС: 15-ГОДИШНИК ПРИЈАВЕН ЗА НАПАД ВРЗ МАЈКАТА – Полицијата постапува по случај во Аеродром

ДЕСК

ЈА ПОЛИЛ СОБАТА СО ЗАПАЛИВА ТЕЧНОСТ И СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАПАЛИ КУЌАТА – Сериозен случај во Куманово

ДЕСК