2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите открија кога ќе има стабилизација и вистинско лето: Детална прогноза за следните денови

Денес на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Утре од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, а во петок ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност.

Во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура. Од понеделник дневните температури ќе бидат во позначителен пораст.

Прогноза за 07.07.2023
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 26°C до 34°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност. UV=8

Прогноза за 08.07.2023
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. UV=8

Прогноза за 09.07.2023
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 25°C до 33°C

Претежно сончево со умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. UV=8

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +