16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Акциска контроли на полицијата со девизните инспектори во Прилеп, четири лица лишени од слобода поради неовластено вршење размена на валути

На 04.07.2023 во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, во соработка со инспектори од Државниот девизен инспекторат, извршиле контрола на подрачјето на град Прилеп, со цел откривање на кривични дела од Законот за девизното работење.

При контролата биле затекнати 4 лица кои неовластено вршеле размена на странски и домашни валути со други лица. Притоа, М.Т.(61), Ј.К.(65), С.Ѓ.(53) и В.М.(67), сите од Прилеп, биле лишени од слобода, поради сомнение за извршено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови“ и кај нив се пронајдени и привремено одземени вкупно околу 1.545.097 денари во различни валути. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пораката на Венецијанската комисија е јасна, реформи за независно судство

ДЕСК

Филипче од Гостивар: Со буџетска дупка од 1,4 милијарди евра, ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија во финансиски колапс

ДЕСК

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.