25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Талески: „Феникс“ го покажа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, на грбот на Гоце Делчев, Даме Груев и Никола Карев краделе пари

„Случајот ‘Феникс’ е потврда за криминалот кој го правеле ВМРО-ДПМНЕ додека беа на власт. Тоа е потреба за злоупотреба на парите на граѓаните и е типичен пример како се переле пари за да станат најбогата партија во Европа, со најбогати политичари“ рече пратеникот од СДСМ, Миле Талески во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека на грбот на граѓаните и на грбот на Гоце Делчев, Даме Груев и Никола Карев, како што рече, лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ краделе пари.

„Тоа е вистинското лице како ВМРО-ДПМНЕ практицирала власт. За 11 споменици се исплатени 57 милиони евра на леарница во Италија, која ги испорачала спомениците за помали суми, а парите од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ги испрала и ги вратила во џебовите на одредени функционери“ рече талески.

Тој запраша колк пари од проектот „Скопје 2014“ завршиле во џебовите на ВМРО-ДПМНЕ и рече дека Груевски, кој сега е избеган во Будимпешта, не само што ја ограбил државата, туку ја ограбил и партијата.

„Ние цело време кажувавме дека ‘Скопје 2014’ е пералница за пари. Не им беше цел да ја потенцираат важноста на историсите ликови, не им се битни Гоце Делчев, ни Никола Карев, ни Даме Груев. Ним им се битни само Груевски и Мицкоски за да се богатат на ваков начин. Тоа е лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ“ рече Талески.