Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Само преку Феникс ДПМНЕ има украдено 33 градинки, толку вредат 57 милиони евра

Соопштение на СДСМ:

Осомничените во криминалниот скандал на ДПМНЕ Феникс, се теретат за злоупотреба на 57 милиони евра, пари на граѓаните, за 11 споменици од Скопје 2014.

Скопје 2014 е огромна, ултра голема пералница на пари. Само во еден случај се злоупотребени 57 милиони евра, народни пари.

Ако се земе предвид дека една нова, современа, целосно опремена детска градинка чини околу 1,5 – 1,7 милиони евра, со 57 милиони евра во овој случај, ДПМНЕ имаат украдено 33 детски градинки.

Само со еден случај 33 нови детски градинки ширум државата можеле да се изградат.

Затоа во времето на ДПМНЕ не се граделе нови детски градинки, затоа што се крадело.

Наместо за народот, за граѓаните, за дечињата, парите ДПМНЕ ги бутале по џебови.

Не се мислело на тоа да се создадат подобри услови за најмладите, не се мислело да се обезбеди соодветен капацитет, се мислело само на лично богатење.

Тоа е вистинското лице на ДПМНЕ, криминална партија, со судски одлука потврдено злосторничко здружение.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК