Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени 20 лица на манифестација во Стар Дојран, кај нив пронајдена дрога

Во текот на изминатиот викенд (01/02.06.2023) полициски службеници од Секторот за недозволен трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделoт за криминалистичка полиција во координација и заедничка акција со Секторот за внатрешни работи Струмица и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје презедоа засилени мерки за време на одржувањето на музичка манифестација во Стар Дојран, со цел откривање на кривични дела и прекршоци од областа на недозволената трговија со дрога.

Притоа, биле лишени од слобода 20 лица, од кои 1 грчки државјанин, кај кои при преглед била пронајдена разновидна дрога. За случаите е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Овие зајакнати контроли, покрај соодветно санкционирање на овој тип кривични дела, имаат за цел и превенирање на недозволената продажба и употреба на наркотични средства меѓу младите, како најчести посетители на ваков тип музички манифестации.

Можеби ќе ве интересира

Вчера лишени од слобода три лица од Скопје барани со потерница за вкупна затворска казна од девет години и шест месеци

ДЕСК

Полицијата упадна во стан во Скопје – едно лице уапсено

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК