Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Само вчера казнети над 100 возачи во Скопје за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 302 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 128 санкции, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за управување возило под дејство на алкохол, шест мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.

Изречени се четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 11 санкции за користење мобилен телефон при управување возило, 13 мерки за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК