Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Крушево, пронајдени 60 пушки, над 60 пиштоли и 2000 парчиња ловечка муниција

Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера (26.06.2023), по претходно добиена судска наредба изврши претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево.

При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли.

За случајот е известен Јавен обвинител.

По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +