Centar.mk
БИЗНИСвестТОП ВЕСТИ

Поевтинува струјата, се враќа евтината тарифа

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја информира јавноста дека дневна евтина тарифа ќе стартува од 1 декември годинава. Електродистрибуција има рок од четири месеци да ги усогласи сите 700 илјади броила за домаќинствата.

„Евтината дневна тарифа ќе им биде достапна на ситедомаќинства од 1 декември во периодот од 13 часот до 15часот. Водејќи се од принципот на заштита на потрошувачите, а согласно направените анализи кои укажуваат дека декември е месецот кога се зголемува потрошувачката на електрична енергија, ја задолживме Електродистрибуција во овој рок да ги усогласи сите броила. Четири месеци се доволни за да се направат сите технички усогласувања со системот за пресметка и фактурирање  и соодветниот софтвер“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Во однос на трошоците на енергетските компании , РКЕ ги донесе следните одлуки:

Влијание во крајна цена

БАРАЊЕ

ОДЛУКА НА РКЕ

МЕПСО

4,15 %

52,09 %

-17,06 %

МЕМО

0,13 %

83,3%

5,29%

Електродистрибуција

33,5%

32,17%

2,12%

ЕВН ХОМЕ

51% + 10,3% маржа +0,92%фактор на корекција

/

-1,77%

“Донесените цените по блокови за период на високи дневна тарифа се следни: прв блок намалување од 7,04 %, втор блок намалување од 4,09%, трет блок зголемување од 2,54%  и четврт блок зголемување од 2,42%. РКЕ носи одлуки за цени и тарифи без ДДВ. Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26 %, а од декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5 % на сметките изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Можеби ќе ве интересира

Божиновска: Иднината на енергетиката e во дигиталните технологии, но најважна инвестиција останува знаењето

ДЕСК

АСОМ: Новиот закон за игри на среќа носи економски крах, 10.000 луѓе остануваат без работа, а државата губи 350 милиони евра

ДЕСК

Хуманоста на Mozzart блесна на Lazarov Awards2026 – донација од 200.000 денари во СОС Детско Село

ДЕСК