Centar.mk
БИЗНИС

МЗШВ: По барање на земјоделците до 14 јули се продолжува рокот за аплицирање за субвенции

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека до 14 јули 2023 година се продолжува рокот за аплицирање за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјдоелството за 2023 година, за растително и сточарско производство.

Земјоделците своите барања можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на министерството или електронски преку веб страната на АФПЗРР https://e-subvencii.ipardpa.gov.mk/perun/index.html

Продолжувањето на рокот за аплицирање за субвенции 2023 е по барање на земјоделците, со цел да се излезе во пресрет на сите земјоделци кои досега не стигнаа навремено да аплицираат, информираат од ресорното земјоделство.

Можеби ќе ве интересира

Тему итно повлекува еден продукт: Проверете дали го имате нарачано ова дома

ДЕСК

Се токмат нови цени на бензините во Македонија – Какви цени да очекуваме?

ДЕСК

Добра вест: Мицкоски најави намалување на цените на бензинот и дизелот

ДЕСК