Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СРЕДБА ЏАФЕРИ – ТЕРЛЕЦКИ: РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА ГО ИСКОРИСТИ МОМЕНТОТ И ДА НЕ ЈА ИСПУШТА МОЖНОСТА, БИДЕЈЌИ СЕ РАБОТИ ЗА ИДНИНАТА НА ДРЖАВАТА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со потпретседателот на Парламентот на Република Полска, Ришард Терлецки.

Оценувајќи ја посетата како мошне значајна, Џафери ја поздрави континуираната поддршка што Полска ѝ ја дава на нашата држава. Тој оддаде признание на улогата на Полска во однос на агресијата врз Украина, истакнувајќи дека Република Северна Македонија донесе Декларација со која ја осудува руската агресија; воведе санкции против Русија и во континуитет ја дава потребната поддршка на Украина.

Терлецки, истакна дека во неодамнешното минато интеграцијата во Европската Унија стагнираше, не по вина на земјите-аспиранти туку по вина на самата Европската Унија. Имајќи ја предвид тековната ситуација, продолжи тој, интегративниот процес би требало да е забрзан, и ја повика Северна Македонија да го искористи моментот и да не ја испушти оваа можност, бидејќи се работи за иднината на државата.

Пред крајот на средбата, двајцата соговорници се заложија за интензивирање на соработката на парламентарно ниво, вклучувајќи ги контактите на највисоко ниво, вклучително и на ниво на Пратенички групи за соработка и Работните тела на Собранието.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

ДЕСК

ИЗМАМА ВО ПРИЛЕП: Осуденик пријавил дека бил оштетен за 890.000 денари

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО КАРПОШ: Нарушен јавен ред и мир

ДЕСК