Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска во работна посета на Стразбур

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, од денеска престојува во работна посета на Стразбур, каде ќе учествува и ќе се обрати на 7-от пленарен состанок на Управниот комитет за анти-дискриминација, диверзитет и инклузија (CDADI).
Во рамки на посетата, Костадиновска-Стојчевска во Палатата на Европа ќе се сретне со генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, со извршниот директор на Европскиот институт на Ромите за уметност и култура, Тимеа Јунгхаус, а ќе оствари средба и со Петра Бауер, претставничка на жените во парламентарната група.

Во фокус на разговорите ќе бидат европската перспектива на земјата, како и текот и следните чекори на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +