Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

Силно невреме во Кочани – поплавени улици, куќи… ХАОС!

Од РЦУК Кочани, ТППЕ Кочани и Е-112 се добиени информации за поплавени објекти во градот Кочани како последица од поројниот дожд што го зафати градот. ТППЕ Кочани имала неколку интервенции на испумпување вода од објекти (куќи) на улиците Роза Петрова и 1-ви Мај како и од деловни простории во Трговскиот центар. Во моментов нејзини екипи се сеуште на терен каде интервенираат по потреба. На улицата Кирил и Методиј во чија близина е градската болница и црква е забележана појава на водотек кој настанал од слевањето на водата од околните повисоки места.

Истиот претставува опасност од можно поплавување на објектите кои се наоѓаат во непосредна близина на оваа улица.

Можеби ќе ве интересира

ДОПОЛНИТЕЛНИ 26.000 ВАКЦИНИ ПРИСТИГНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Министерството со известување

ДЕСК

МИЦКОСКИ ЈА ПРЕДИЗВИКА ОПОЗИЦИЈАТА – „Нека побараат распуштање на Собранието, ќе поддржиме предвремени избори“

ДЕСК

Анализа: НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА Ѝ ТРГНЕ МНОГУ ПОДОБРО – Ако се смират светските кризи, економијата има простор за посилен раст

ДЕСК