Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Дијалогот за уставните измени да продолжи, ДПМНЕ има шанса да направи нешто за државата

Соопштение на СДСМ:

ДПМНЕ нема поддржано ниту една државничка одлука досега.

Беа против членството во НАТО, против Договорот со Грција, не го поддржаа продолжувањето на преговорите со Европската унија а не гласаа ниту за Договорот ФОРНТЕКСТ.

ДПМНЕ-Левица се единствени партии во земјата кои се против Резолуцијата на германскиот Бундестаг за признавање на македонскиот јазик, идентитет и култура.

Сега е време ДПМНЕ да размисли и макар еднаш да покаже државничко однесување.

Откако се доближија ставовите на последната лидерска средба дијалогот за уставните измени треба да продолжи.

Со дијалог може заедно да ја донесеме одлуката за уставните измени а со тоа да го обезбедиме продолжувањето на европскиот пат се до полноправно членство.

ДПМНЕ има шанса да направи нешто добро за државата.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК