Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Неверојатна измама во Скопје: Исто семејство два пати измамено – им се претставил како полицаец и им побарал мобилен телефон на подарок за обвинител

На 23.06.2023 во СВР Скопје, 36-годишен скопјанец пријавил дека тој, неговиот татко и неговиот брат биле измамени од едно лице. Според пријавеното, на почетокот на април оваа година лицето дошло со брат му во нивниот дом и претставувајќи се дека е полициски службеник, им ветил дека преку обвинител ќе може да им помогне за случај од пред неколку години, во кој биле измамени од друго лице.

Како што е пријавено, за услугата тој им побарал мобилен телефон како подарок за обвинителот, а откако му го дале телефонот продолжиле со комуникација до крајот на мај, од кога лицето станало недостапно, по што сфатиле дека се измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК