25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Целта за членство во ЕУ зависи од сопствената борба против демоните на популизмот

Голем број европски лидери кои изминатава година дојдоа во Скопје дадоа поддршка за европската иднина на земјава и порачаа дека местото на земјава е во ЕУ. Патот до ЕУ несомнено е тежок и полн со предизвици, а за да се изоди потребна е храброст, одважност и решителност. А тоа оваа земја го покажа, сметаат лидерите на европските земји.

-Имаме голема длабока почит кон вашата земја што се должи на вашиот крајно трнлив пат кон ЕУ. Вашата земја покажа енормна политичка храброст. Охридскиот договор од 2001 година, Преспанскиот договор со Грција во 2018 година, покажуваат дека Вашата земја го владее она што можеби е најтешка задача во демократијата воопшто. Сите ние ќе профитираме од вашата политичка храброст, од вашата умешност за преговори, од вашето искуство со регионална соработка и совладување на конфликти- вели германскиот претседател Штајнмајер.

И токму Охридскиот и Преспанскиот договор стаана синоним за политичка смелот и храброст, но во исто време и политичка зрелост која Европската унија ја препознава и почитува.

Со договорот од Преспа од 2018 година Северна Македонија заслужи меѓународно прознавање и почит. Со Охридскиот рамковен договор во 2001 година стана пример во регионот. Пример за успешен соживот во јазична етничка и религиозна различност.

-Потпишувањето на Преспанскиот договор не беше лесна задача, но е исклучително важен показател за европските димензии. Тоа е доказ како две соседни земји низ нивните државни ја развиваат пошироката слика за интегративниот процес – истакна Пирц- Мусар.

Стравот за губењето на идентитетот е неоснован велат европските лидери, затоа што токму Европската унија се темели на почитување на различните идентите . На прашањето како треба да изгледа македонскиот идентите денес и во иднина, претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер вели: Онака како што тоа го формулираше македонскиот писател Блаже Конески кога кажа и кога напиша- Јазикот е нашата татковина.

-Европската Унија се залага за еднаквост во различностите. Значи мир, слобода, благосостојба треба да имаат сите граѓани на Унијата кои имаат различни култури и зборуваат различни јазици. Се надевам дека ункатното културно богатство на Македонија ќе го зголеми културното богатство на ЕУ. Притоа нема ни најмал сомнеж дека Македонскиот е и ќе остане вашиот јазик- изјави претседателот на Сојузна Репулика Австрија, др Александер Ван дер Берен при неговата последна посета на земјава.

За претседателот на ЕК Урсула Фон дер Лајен, Северна Македонија е успешен модел за разновидно мултиетничко општество вковано во Охридскиот рамковен договор.

– Покажавте смелост, покажавте и решителност. Договорот во Преспа беше пример за храброст. Две земји кои се согласија да одат напред и заедно да ги испишат идните поглавја од нивните истории заедно. Покажавте еден витален капацитет да го промените вашето општество кон подобро. Го избравте патот на мирот наместо оној на конфликт – изјави во нејзиниот говор Фон дер Лајен во јули минатата година при посетата на Скопје.

Пораката на европските лидери е едногласна -продолжете решително да чекорите по патот на пристапниот процес. Не скршнувајте на последните метри. Стремежот за пристапување кон ЕУ кој трае веќе 17 години вреди и следниот тежок чекор. А тој следен чекор е да се донесат уставните промени и што поскоро правниот поредок на Северна Македонија да се прилагоди на правниот поредок на ЕУ. Крајната цел е полноправно членство во ЕУ.

А достигнувањето на таа цел веќе не зависи од лидерите на европските земји, туку од нас самите и од нашиот капациет да покажеме политичка зрелост и да се избориме со сопствените демони на популизмот.