Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Бардовци, меѓу нив и малолетно девојче

Тројца повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Бардовци.

Според информациите, несреќата се случила откако се судриле две возила, при што повредени се двајцата возачи и малолетна сопатничка во едното возило.

„На 21.06.2023 околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат кон с.Бардовци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо 406“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(42) од с.Бардовци, скопско и патничко моторно возило „нисан микра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(25) од Скопје. Во несреќата со телесни повреди се здобиле Љ.А. и нејзината 16 – годишна сопатничка од с.Бардовци кои им биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, додека со тешки телесни повреди се здобил возачот А.А. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза““ соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +