КОвачевски денеска изврши посе посета на скопската фабриката АД „Европа“.
Оваа компанија опстојува на пазарот речиси над 140 години.
Според Ковачевски Државната финансиска поддршка што ја добила оваа скоспка компанија помогнала значително во нивниот напредок и покрај актуелните предизвици. И денес се стабилна индустриска компанија со производство од околу 5.000 тони годишно продажба на странскиот и на домашниот пазар.
„Многу е убаво кога ќе се види напредокот на компанијата во којашто сме денеска, АД „Европа“ Скопје, којашто е наш домашен, а во исто време и европски и светски бренд за чоколади, вафли, бонбони.
КОвачевски потсети дека компанијата во време на пандемијата, со државна поддршка, како корисник на мерката на Владата за справување со КОВИД-19 кризата, набавила нова опрема за производство на производи од какао и чоколади.
Во 2019 година, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, АД „Европа“, за инвестициски проект е корисник на нова државна финансиска поддршка. Вкупната исплатена државна помош кон компанијата по овој основ е 165 илјади евра (10.000.000 денари). А во овој момент компанијата користи државна финансиска поддршка од над 66.000 евра, по овој основ.
– Ние како Влада, токму со цел да ги поддржиме и домашните, покрај странските инвестиции, во 2018 година го инициравме Законот за финансиска поддршка на инвестициите, којшто беше усвоен и во Собранието. Само лани, по основ на овој закон, државата обезбеди 23 милиони евра директна финансиска помош за над 410 компании, што е најголема државна поддршка за домашни компании досега, од осамостојувањето на државата, посочи премиерот Ковачевски.
Донесовме, како што дополни премиерот Ковачевски и пакет антикризни мерки од 760 милиони евра, што е најголем пакет на државна помош во регионот, според податоците на ЕБРД.
Премиерот рече дека покрај финансиската поддршка на домашните компании, „растат и платите кои се исто така на историски највисоко ниво досега“ и посочи на просечната месечно исплатена нето плата по вработен, којашто во април 2023 достигна над 36.000 денари и на минималната плата, којашто од март годинава е над 20.000 денари. Исто така, како што нагласи премиерот Ковачевски, лани, најкризната година за целиот свет ја завршивме со историски рекорден износ и на странски директни инвестиции во земјата во висина од 753,8 милиони евра; во технолошко-индустриските развојни зони има 16.900 работни места, со плати над државниот просек; невработеноста во изминатите неколку години е намалена за 8 процентни поени; стапката на вработеност кумулативно за истиот период е зголемена за 9,5 проценти; инфлацијата е во надолна линија и од 19,8 отсто во октомври 2022 година е падната на 11,3 отсто претходниот месец, при што се очекува спуштање на инфлацијата до 8 отсто, за 2023 година.
Ковачевски најави дека Владата ќе продолжи силно да ги поддржувае домашните компании.