Centar.mk
КУЛТУРА

Костадиновска: Младите испорачуваат конкретни решенија за надминување на омразата – Нивниот глас е силен, нивниот став е видлив и продира низ целата држава

Фејсбук статус на Бисера Костадиновска:

Младите испорачуваат конкретни решенија за надминување на омразата. Нивниот глас е силен, нивниот став е видлив и продира низ целата држава.

Со цртежи, графити и мурали, младите битолчани ги покрија лошите паролите со говор на омраза. Наместо омраза, сега на ѕидовите на две училишта и една градинка гледаме убави бои, креативност и младински ентузијазам.

Вака почна 22. издание на Меѓународниот арт фестивал „Битола отворен град“, кој ги слави музиката, уметноста и волонтерството.

Инсталацијата „Битолските ѕидови – уметнички крик против говорот на омраза преку графити и цртежи“ е исцртана на училиштата „Таки Даскало“ и „Стив Наумов“ и градинката „Пролет“.

Можеби ќе ве интересира

„Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ на Весна Мојсова-Чепишевска ќе биде промовирана во КИЦ

ДЕСК

Од Шуто Оризари до Менхетен – само филм може да ве вивне толку брзо, толку далеку

ДЕСК

Свечено доделување на наградата „Оливера Николова“ за 2026 и промоција на победничкиот роман од Ванчо Полазаревски

ДЕСК