По објавата на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, дека Националниот оркестар за џез музика добива свои простории, џезерите се среќни што по неколкумесечна борба и блокади од нивните колеги од Филхармонија, конечно добиваат услови за работа.
Просторот на џезерите ќе биде во склоп на Национална опера и балет со површина од 475 метри квадратни, кој во следниов период треба да се реновира и да се оспособи за оваа културна институција.
„Искрено оваа вест премногу ме израдува и мене и здружението за џез музика. Веќе долго време сме опструирани од нашите колеги од Филхармонија и верувам дека набрзо ќе дојде крај на оваа голгота. Според изјавата на министерката, веруваме дека до крајот на годината ќе можеме да се вселиме во просториите за џез оркестар и таму да си продолжиме со нашата работа, да креираме квалитетна музика. Тоа дека ќе имаме наш простор, беше кажано на самиот старт кога и Костадиновска- Стојчевска ја објави одлуката за формирање на Национален џез оркестар, само на некој не му чинеше да биде солидарен еден период и тоа е навистина за жалење“, изјави Гоце Стевковски, претседател на Здружението на џез музичари.
Тоа дека ќе имаме наш простор, беше кажано на самиот старт кога и Костадиновска- Стојчевска ја објави одлуката за формирање на Национален џез оркестар, само на некој не му чинеше да биде солидарен еден период и тоа е навистина за жалење, продолжи Гоце.
По повод светскиот ден на музиката, џез оркестарот денес ќе одржи концерт пред кафе – бар Филхармонија а околу идните планови, Гоце најави концерт и отворање на Штипско културно лето за кое ќе треба да одржат неколку проби. Гоце Стевковски вели дека одлуката на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска за формирање на Национален џез оркестар била дочекана од цела јавност со позитивни реакции, не ни помислувале дека нивните колеги од Филхармонија ќе им направат таква силна опструкција за која верува дека можеби има и поинаква заднина.
Александра Тодоровиќ
извор: Трн.мк