20.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Важна вест: Утре наутро еден патен правец ќе биде затворен за движење до 11 часот, корисни информации за возачите

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ИЗВЕСТУВАЊЕ: На ден 21.6.2023 (среда), на патниот правец Р2137 од клучка Неготино – с.Дуброво, сообраќајот ќе биде во прекин од 08:00ч. – 11:00 ч. поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање). Сообраќајот ќе се пренасочува преку клучка Демир Капија – с.Курешница – с.Бистренци – с.Војшанци.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

НАИЗМЕНИЧЕН СООБРАЌАЈ: Од настанатите поплави на 14.06.2023 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвена река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 08.04.2023, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5тона.