Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Освен што не направи ништо за Резолуцијата во Бундестагот, Мицкоски покажа големо незнаење, велат од СДСМ

Христијан Мицкоски и неговата ДПМНЕ, не направија ништо околу Резолуцијата што ја усвои германскиот Бундестаг, соопшти СДСМ.

„Дополнително, Мицкоски покажа големо незнаење околу тоа како функционираат меѓународните односи и процесот на интеграција во ЕУ. Мицкоски и ДПМНЕ свесно ја лажеа јавноста дека тие ќе обезбеделе подобра преговарачка рамка, иако сите претставници на ЕУ јасно кажуваат дека преговарачката рамка не може да се менува.

Не само што не можат да обезбедат нова преговарачка рамка, Мицкоски и ДПМНЕ не се способни ниту да лобираат за својата држава. И покрај тоа, Мицкоски се уште има шанса да застане на вистинската страна и треба да ја искористи подадената рака на лидерската средба на која беа прифатени сите негови услови.

Ако навистина е за европската иднина на државата, тогаш тој треба да состави тим кој ќе се приклучи во дијалогот и ќе учествува во спроведувањето на уставните измени со цел, процесот на интеграција во ЕУ да се забрза“ порачаа од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +