25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МОЗАИКИЗБОР

Иако многумина ги сметаат за освежителни: Избегнувајте ги овие пијалоци кога е жешко

Лекарите сметаат дека во лето треба да се избегнуваат одредени пијалоци.

Температурата над 35 степени може да биде неподнослива. Телото се обидува да се олади со потење, а со тоа губи вода.

Потребно е да се внесат минимум два литра течност за да се надомести изгубената влага, но не било каква.

Намалете го внесот на кафе
Препорачливо е да го намалите внесот на кафе. Ако испиете повеќе од 1 до 2 шолји од овој пијалок, голема количина на кофеин може негативно да влијае на срцето, што секако ја пумпа крвта во постресен режим за време на високите температури. Не пијте повеќе од максимум две шолји дневно, бидејќи на тој начин ја губите влажноста и создавате дисбаланс на вода и сол во телото.

Газирани и енергетски пијалоци
Газираните пијалоци се исто така лош избор во текот на летните денови. Тие обично содржат поголеми количини на шеќер и натриум.

Повеќето грешат кога посегнуваат по пијалоци полни со адитиви, вештачки засладувачи и други состојки кои можат да го зголемат ризикот од многу болести како што се дијабетес, срцеви заболувања, вишок телесна тежина итн.

Значи енергетските пијалоци, како и алкохолните пијалоци спаѓаат во групата која треба да се избегнува на топло време бидејќи имаат спротивен ефект.

Водата, како и цедените сокови се многу подобар избор од пијалоците полни со адитиви и вештачки засладувачи.