15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Водостојот на Вардар зголемен кај Велес и Демир Капија, кај Скопје се намалува – Еве каде е најкритично

Во текот на изминатата ноќ и изутринава се уште е значително висок водостојот во горниот дел од сливот на р.Вардар, а очекувано зголемен е водостојот на реката на низводните профили во Велес и Демир Капија.

Во Скопје пикот на реката е забележан 1 час после полноќ (во 01:00 часот на 18.06.2023) и изнесуваше H=195 sm, а изутринава веќе бележи намалување за 20 sm.

До крајот на денов се очекува постепено намалување на водостојот на р.Вардар во горниот дел од нејзиното течение додека во средниот и долниот дел од течението да има зголемување на водостојот.

Исто така, изутринава е забележан и минимално зголемен водостој на р.Лепенец. Сите останати водостои низ земјава се во опаѓање и тој тренд се очекува да продолжи во текот на денешниот ден. Сеуште посочуваме на внимателност во сливот на р.Вардар, каде што во средниот и долниот дел од течението ќе има висок водостој во текот на денот.

Генерално, се очекува постепено нормализирање на состојбата со водостоите низ земјава, но се уште предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.