Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Германија моли по овие работници. Кај нив работат луѓе над 60 години, еве колкава плата нудат

На Германија и недостасуваат околу 3.000 спасувачи на базен и тој број се зголемува секоја година, проценува германското здружение на професионални спасители (БДС).

Во оваа земја почесто отворените базени остануваат затворени поради недостиг на работници. Најчеста причина за недостигот на работници се должи на големата одговорност што ја повлекува оваа работа и ниската плата.

„Оваа работа вклучува четири во едно: спасител, техничар, полицаец, а понекогаш и психолог“, објаснува 61-годишникот и додава дека работното време на овие работни места е неповолно, а се работи за викенди и за празници.

Почетната плата е 2.200 евра бруто.

Медиумите пишуваат дека се помалку деца знаат да пливаат, па дури 59 отсто од десетгодишните не знаат да пливаат.

Се повеќе се откажуваат часови по пливање, па здружението стравува дека Германија ќе стане друштво на непливачи.

Сега мораме да го скратиме работното време, за жал на капачите, бидејќи нема доволно“, вели еден од спасувачите и додава дека е загрижен поради ниските плати.

На крајот на краиштата, тој и неговите колеги имаат голема одговорност: треба да следат 375 метри квадратни водена површина и затоа се платени многу малку.

Можеби ќе ве интересира

Божиновска: Иднината на енергетиката e во дигиталните технологии, но најважна инвестиција останува знаењето

ДЕСК

АСОМ: Новиот закон за игри на среќа носи економски крах, 10.000 луѓе остануваат без работа, а државата губи 350 милиони евра

ДЕСК

Хуманоста на Mozzart блесна на Lazarov Awards2026 – донација од 200.000 денари во СОС Детско Село

ДЕСК