Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПО ИСЧЕЗНАТИ ТЕ СЕ ТРАГААТ НУРКАЧИ ОД ЕДИНИЦАТА ТИГРИ И ТИМ СО ДРОН: Кобна сообраќајка – возило падна во Лепенец, тројца исчезнати

Денеска (17.06.2023) околу 15 часот е пријавено дека на патот „Скопје-Граничен премин „Блаце“ (близу тунелите) се случила сообраќајна несреќа во којашто учествувале патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. од Косово, што по несреќата паднало во реката Лепенец. Во возилото „бмв“ покрај возачот имало и тројца сопатници.

Едно лице е извадено од реката и пренесено во болница – ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица трагаат тим нуркачи од САЕ „Тигар“ како и тим со дрон.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК