Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На својот 55-ти роденден почина новинарот Крешник Ајдини

На 55 годишна возраст почина новинарот, преведувач, културен работник и активист за граѓанското општество Крешник Ајдини.

Бројни пријатели на Крешник на социјалните мрежи изразија сочувство и тага за загубата на големиот човек.

Ајдини е еден од основачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода во 1999 година и на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа во 2009 година.

Ајдини е основач и сопственик на Лајф Радио во 2002 година, познато по општествено одговорните содржини и пораките за мир и помирување во земјата.

Преведе голем број важни дела од албански на македонски и обратно, со што даде огромен придонес кон запознавање на двете култури.

Крешник Ајдини почина вчера, на 16 јуни, кога наполни 55 години. Погребот ќе се одржи денеска, 17 јуни, во Дебар, во 13 часот.

Можеби ќе ве интересира

Утре врнежи од дожд а на планините снег

C +

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

C +

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +