Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ да се охрабри за дијалог, прифаќањето уставни измени и легитимитет на Собранието е добра основа

Соопштение на СДСМ:

Менувањето на ставот на Христијан Мицкоски кој сега не е против уставните измени е добро за државата и отвора нови перспективи.

Добро е што и ДПМНЕ се согласни дека овој парламентарен состав има полн легитимитет и целосен мандат да ги спроведе уставните измени за продолжување на европскиот пат.

Сега, имаме доближување на ставовите и дијалогот со ДПМНЕ треба да продолжи по оваа нова ситуација.

Дополнително, македонскиот јазик, идентитет и посебност кои се признаени од цела ЕУ, синоќа добија дополнителна афирмација од германскиот Бундестаг, со што дефинитивно се потопени сите претходни лаги на ДПМНЕ и Мицкоски за наводна асимилација и бугаризација.

Затоа сега, клучно е дијалогот да продолжи, преку разговор да се најде соодветен модел за уставни измени којшто ќе биде во рамки на преговарачката рамка.

Уште еднаш, го охрабруваме Мицкоски да остане на променетите ставови и што поскоро ДПМНЕ да формира тим со кој ќе разговараме за спроведување на уставните измени.

Можеби ќе ве интересира

Гувернерот Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите

ДЕСК

СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

ДЕСК

Митева со згрозување и осуда за изјавите на Петар Богојески

ДЕСК