Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Инцидентот не предизвика никакви последици на „Преспа форумот“, невремето оштети панел од сценографијата, соопшти МНР

Дозволете да информираме дека кусиот прекин на отворањето на Преспа форумот за дијалог се случи поради невремето и силниот ветер кој го оштети панелот од сценографијата, што резултираше со прекин на активностите, информираа од МНР.

Инцидентот, додаваат од таму, не предизвика никакви последици, и по куса пауза, панлеот продолжи со предвидената агенда.

Форумот како што соопштија од оваа институција, продолжува и утре, со предвидената динамика; утре следат клучните панели на кои очекуваме плодни дискусии и важни пораки

„Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика да им се извини на сите оние кои го следат форумот, овде во Струга, или преку интернет стрим“, се истакнува во соопштението од МНР.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК