Министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека Бугарија не може да наметнува нови услови, бидејќи, како што истакна, преговарчаката рамка е затворена.
„Бугарија не може да постави нови услови затоа што Преговарачката рамка е затворена. Се што има, има таму. Отворање на Преговарачката рамка ниту може на нашата ниту на вашата опозиција. Така што таа тема треба да ја затвориме дека утре може некоја бугарска влада да каже дека имаме нов услов. Немаме нов услов, затворена е Преговарачката рамка. Во Преговарачката рамка има три патокази, во едниот има акциски план за малцинства, тоа е единствениот услов кој е влезен во бенчмарковите за отворање и затворање поглавја. Тој акциски план не се однесува само на бугарската заедница туку на сите заедници во државата. Се разбира тука ќе треба да се исполнат сите тие услови во однос на еднакви права на сите тие граѓани независно од етничка припадност“ објасни Османи.
Тој рече дека се надева оти нема со Бугарија нема да се мери со калкулатор кој што и колку направил.
„Се надеваме дека ќе изградиме односи каде добрата волја ќе го води процесот, ќе создадеме разбирање еден за друг, почит и дека нема да бидеме двете страни со калкулатор во рака и да процениме којшто направил“ додаде Османи.