Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Украле пари од возило на гостиварец, приведени тројца тeтовци

Денеска, во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Г. С. (36) од Тетово, Н. А. (49) од тетовско Џепчиште и М. Н. (53) од тетовско Желино.

Тие се сомничат дека на 12.6.2023, околу 19 часот, на улицата 29 Ноември во Тетово, од товарно возило „опел виваро“, со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Л. А. (52) од Гостивар, одзеле пари во разни девизи и апоени и други предмети.

Парите и другите предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК

Целта на Владата е да има енергенси по најевтини цени во регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

Пронајден починат обезбедувач во стражарска куќичка во Прилеп

ДЕСК